Касами од Горна Чаршија најави бесплатен паркинг во Тетово

од Берта Китинска

Пред присутните, во Тетово лидерот на Движењето Беса и потенцијален кандидат за градоначалник на Општина Тетово, Билал Касами ја претстави програмата „ЗА НАШАТА ОПШТИНА“.

Касами во својот говор пред присутните меѓу друго зборувал и за недостатокот на паркинзи во градот Тетово, каде што изјави дека за секој стан и куќа ќе има соодветен паркинг, а во Тетово ќе се градат и паркинзи на кати. Тој исто така рече дека додека овој проблем не се реши целосно, паркинзите во Тетово ќе бидат бесплатни.

Програмата на Билал Касами за Тетово предвидува паркинзи на кати во централното подрачје, додека во други области паркинзи со монтажен систем.

Слични содржини