Касами по дојавите за бомби во училишта во Тетово: Граѓаните, наставниците и родителите да останат смирени и да не паничат

од Radmila Tasevska

Градоначалникот Билал Касами, по дојавата за поставени бомби во двете основни училишта во Тетово, соопшти дека се преземаат мерки за поголем надзор во училишните објекти и повика на смиреност за да не се создава паника.

Апелираме до граѓаните, наставниците и родителите да останат смирени и да не паничат во вакви ситуацииОбразовниот сектор при општина Тетово, на предлог на органите на државната безбедност, ја зголеми грижата и надзорот над училиштата и континуирано е во комуникација со раководните лица на училиштата и државните органи за безбедност во државатаИмајќи предвид дека вакви вести имало и во други градови и дека се посочени како лажни, сепак мора да бидеме внимателни. Воедно, соопштуваме дека вакви предупредувања нема во другите основни и средни училишта и ситуацијата е под контрола, изјави Касами,

Слични содржини