Касами: После 20-години кампања првпат доаѓам со вратоврска-денеска е повод за празник

од Берта Китинска

Го искористив моето право да гласам како граѓанин на Тетово и жител на Северна Македонија. Тоа е демократско право со кое ние одлучуваме кој ќе не води следните четири години, кажа претседателот на Движење Беса и кандидат за градоначалник на Тетово Билал Касами

-Ги повикувам сите граѓани во Тетово да излезат и масовно да одлучуваат за тоа кој ќе биде од понеделник кој ќе ја води локалната власт и кој ќе одлучува за нашата иднина. Денеска е повод за празник. После 20-години кампања првпат доаѓам со вратоврска затоа што ценам дека денес ќе биде убав ден и сите граѓани да излезат да гласаат за нашата заедничка иднина и иднината на Тетово и Северна Македонија, изјави Касами.

Слични содржини