Касами: Со договор на лидерите уставните измени може да се случат годинава

од Nikola Popovski

Лидерот на БЕСА и градоначалник на општина Тетово, Биљал Касами е оптимист дека годинава може да се случи измената на Уставот и внесување во Преамбулата на помалите заедници кои ќе го побараат тоа.

Сепак според него, неизвесно е која Влада ќе ги спроведе уставните промени.

-Можни се предвремени избори. Владата треба да прифати дека со оваа политика не може да се постигне мнозинство. Ако оваа влада е заинтересирана да ги направи уставните измени и да го продолжи патот кон ЕУ, мислам дека со договор на лидерите може да се обезбеди мнозинство за уставните измени, истакнал Касами во гостувањето на емисијата „Клик плус“.

Тој додава дека е можна соработка на неговата партија со „Огнената група“ од ДУИ.

-Имаме комуникација со „Огнените“, сега кога функционираат како фракција, споделуваме исти вредности, и верувам дека може да направиме разлика, но само под услов да се отцепат целосно од ДУИ, рече Касами.

Слични содржини