Касано: Требаше да изгубиме 5:0 од Шпанија

од Stefanija Kuzmanovska

Легендарниот италијански напаѓач Антонио Касано ја потресе нацијата со изјава што ја даде, што не му е првпат.

Имено, тој рече дека Италија требала да загуби од Шпанија со 5:0 во полуфиналето на Европското првенство и дека „фуријата“ заслужи да оди во финалето наместо „азурите“, објави СК.

– Бевме одлични во групната фаза, но веќе се боревме против Австрија, Белгија исто така имаше шанса да не загрози. Против Шпанија требаше да загубиме со четири или пет гола разлика, рече Касано.

Сепак, тој смета дека, што се однесува до финалето, Италија заслужи победа над Англија.

– Против Англија, по слабиот старт, го освоивме теренот и доминиравме во играта. Пикфорд имаше неколку добри интервенции. Бевме подобри и заслужено славевме, изјави поранешниот репрезентативец на Италија.

Слични содржини