Касарната во Ѓорче Петров ќе доби донација со заштитна медицинска опрема од Кина

од Берта Китинска

Во касарната во Ѓорче Петров денеска ќе биде примопредадена донација во заштитна медицинска опрема од Народна Република Кина.

Донацијата е во вредност од околу 250.000 евра и се состои од 62.000 заштитни маски, 4.200 заштитни очила, 3.000 визири, 6.000 заштитни одела и комплети, ракавици, инфузиски пумпи, електрични термометри и два сета термални шлемови.

На примопредавањето на донацијата најавено е присуство на државниот секретар во Министерството за одбрана Драган Николиќ и кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо.

Настанот, како што информираат од Министерството за одбрана, ќе се организира согласно препораките за одржување на безбедно растојание и носење на заштитна опрема.

Слични содржини