Кастриот Реџепи најави дека јавноста ќе има можност да ги дознае деталите

од Берта Китинска

Пратеникот на Беса, Кастриот Реџепи кој со своето откажување од Иницијативата, го спречи падот на Владата денеска преку Фесјук  информира дека сите детали ќе ги открие во понеделник.

„Почитувани пријатели и семејство, без разлика на вашите политички убедувања. Ви благодарам за грижата и поддршката што ми ја давате. Следниве денови ќе имаме можност подиректно да се информираме за се. Во однос на медиумите и интересот ги разбирам и ги информирам дека мојот прв настап ќе биде во понеделник преку прес-конференција. На крајот апелирам до раководството на Движењето БЕСА да не презема забрзани чекори кои ќе им наштетат на нашите структури и активисти. Треба да се постапува внимателно“, напиша Реџепи.

Слични содржини