Каталонија воведе задолжително носење маски

од Vladimir Zorba

Од денес, Каталонија е првата шпанска покраина која воведува задолжително носење заштитни маски на јавно место во сите услови за сите жители и посетители.

Одлуката, која ќе стапи на сила во четврток, ја објави премиерот на Каталонија, Ким Тор, четири дена откако 200.000 луѓе во областа Сегрија се ставени во карантин поради избувнување на неколку жаришта.

„Маските ќе бидат задолжителни низ цела Каталонија, не само во Сегрија. Мислам дека тоа е важна мерка“, рече Тор, додавајќи дека надлежните ќе дистрибуираат заштитна опрема.

Минатиот месец шпанските власти воведоа обврска да носат маски во затворено и на отворено кога не е можно растојание од 1,5 метри или додека не се најде вакцина или лек за коронавирусот.

Каталонија го отстрани исклучокот поврзан со растојанието, така што носењето маски е задолжително за сите ситуации.

Слични содржини