Каталонците: Готово е, Барса му порача на Куман дека му бара замена

од Vladimir Zorba

РОНАЛД КУМАН вчера имаше средба со челниците на Барселона и најверојатно ќе го напушти клубот ова лето.

Куман не ги оправда очекувањата во својата прва тренерска сезона во Барселона. Тој беше исфрлен рано од Лигата на шампионите и не ја освои титулата во Шпанија. Покрај резултатите, тој имаше неколку конфликти со играчите, а продажбата на Луис Суарез го налути Лионел Меси, најдобриот фудбалер на клубот.

На вчерашниот состанок, тврди „Радио Каталонија“, претседателот на Барселона Жоан Лапорта му порача на Куман да биде трпелив уште 15 дена и му рече дека ќе разговара со други тренери во тој период. Доколку не најде соодветна замена, тој ќе му понуди на Куман продолжување на соработката. Куман, наводно, се согласил на ова бидејќи тој сè уште сака да ја предводи Барселона.

Од друга страна, агентот на Куман, Роб Јансен изјави дека средбата поминала одлично и дека тој е убеден дека холандскиот тренер ќе продолжи да биде тренер на славниот клуб.

Мадридска „Марка“ наведува дека во овој момент можни се сите три опции – раскин на договорот, намалување на платата и продолжување на тековниот договор.

Слични содржини