Катастрофа во САД: 51,7 милиони родители ги загубија приходите за време на епидемијата

од Vladimir Zorba

Околу 51,7 милиони Американци кои живеат во домаќинства со деца под 18 години велат дека тие или еден од членовите на домаќинството ги загубиле приходите од вработување во периодот од 13 март, кога во земјата беше прогласена вонредна состојба поради пандемијата „Ковид-19“, пренесе CNBC.

Според најновото истражување на потрошувачката на домаќинства на Бирото за статистика на САД, 40 милиони американски возрасни кои имаат деца во домот очекуваат дека или тие или друг член на домаќинството ќе продолжат да ги губат приходите или да започнат да ги губат во наредните четири месеци.

CNBC наведува дека тоа не е изненадувачки, со оглед на тоа што експертите предвидуваат дека Американците кои имаат деца ќе се соочат со проблемот со чување деца – еден од најголемите проблеми кога компаниите бараат вработените да се вратат во нивните канцеларии.

„Дури и ако сакаат, тие немаат можност повторно да се вратат во работната сила затоа што, всушност, тие сè уште треба да ги чуваат децата дома“, рече Дајан Свонк, главен економист во Грант Торнтон, за Си-Ен-Би-Си.

Околу половина од детските градинки ширум Соединетите држави одлучија привремено да ги затворат своите врати поради пандемија, според студијата на Националното здружение за образование на мали деца спроведена меѓу 5.000 даватели на услуги.

Уште 17 проценти се затворени за деца од сите возрасти, освен за деца на работници чија работа е неопходна, принудувајќи голем број родители да се справат со работа од дома и да се грижат за деца.

CNBC исто така наведува дека неодамнешно истражување од страна на консултантската група „Бостон“ покажа дека околу 60 проценти од родителите во Соединетите држави немале надворешна помош во грижата за своите деца за време на пандемијата на коронавирусот.

Слични содржини