Катастрофа за „црвените ѓаволи“: Ливерпул води 4:0 за 45 минути! (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед примија четири гола од Ливерпул во првото полувреме од дербито од деветтото коло на Премиер лигата.

Во веројатно најголемото дерби на британскиот фудбал на теренот имаше само еден тим – Ливерпул.

Избраниците на Јирген Клоп одлично го отворија натпреварот и поведоа уште во петтата минута. Стрелец беше Наби Кеита на асистенција на Мохамед Салах.

Само осум минути подоцна резултатот беше 0:2. Одбраната на Јунајтед направи голема грешка и Жота непречено ја удвои предноста.

Ливерпул не застана тука. Мохамед Салах го најде патот до мрежата во 38. минута и Јунајтед веќе беше „на колена“.

За катастрофата на Јунајтед да биде целосна, повторно се погрижи Египќанецот. Со гол во четвртата минута од продолжението ги постави конечните 0:4 по првото полувреме.

 

 

 

 

Слични содржини