Катастрофални поплави во Кина предизвикани од невидени врнежи

од Aleksandar Petrovski

Долината на реката Јангце е погодена од невидени врнежи од дожд во последните 50 години и поплави во кои има многу жртви, или досега вкупно 141, јавија американските медиуми.

-Речиси целата територија на Кина е погодена од невремето, вклучително и областите во западниот дел на земјата – Тибет и Ксинџијанг, изјави заменик министерот за вонредни ситуации Зенг Гуогуанг.

Штетата се проценува на стотици милиони долари, со што и се зададе нов удар на кинеската економија која и онака беше во проблеми заради пандемијата со коронавирусот.

Посебно е погодена покраината Хубеи, богата со реки и езера,  но поплавите сериозно ги зафатија и градовите во централна и јужна Кина.

-Освен зголемувањето на нивото на најголемата река во Азија, Јангце, и другите реки и езера во Кина имаат алармантно високо ниво на водостој, предупреди кинескиот заменик министер за вонредни ситуации Зенг Гуогуанг.

Слични содржини