Катица Јанева заврши во Шутка

од desk4

  Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева синоќа  е примена  во истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари.

Таа од Кривичниот суд со полициско комбе беше спроведена во истражниот затвор, откако судија на претходна постапка и одреди 30 дневен притвор, што беше побарано од Јавното обвинителство поради основано сомнение за злоупотреба на службената положба и овластувања, заради стекнување лична корист.

Во притвор во Шутка веќе се наоѓаат другите двајца осомничени за „Рекет“, Бојан Јовановски и Зоран Милески.

Околу четири часа траеше распитот на Јанева, која беше придружувана од нејзиниот адвокат Стеван Павлески. Се дискутирално исклучиво за мерката притвор.

Обвинителката Вилма Русковка по излегувањето од Кривичниот суд изјави дека сметале оти во овој момент е неопходно да се одреди мерка притвор за Јанева. Русковска нагласи дека на Јанева ќе и биде дозовлено да присустува на погребот на нејзината мајка, утре во Гевгелија. Таа за време на погребот ќе биде под постојана полициска придружба.

Судијата Сеад Реџепагиќ ја донел одлуката за притвор по сите три основи, опасност за повторување на делото, опасност за влијание врз сведоци и опасност за бегство.

Јавниот обвинител Љубомир Јовески претходно изјави дека имаат докази оти Јанева остварила лична корист од околу  290 илјади денари, така што влијаела на постапката овозможувајќи олеснување на позицијата на осомничен во случајот „Империја“.

Слични содржини