Катица под ПИ-мерки била девет дена

од Aleksandar Petrovski

Посебните истражни мерки за поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, се применувале месец и пол покасно од ПИ-Мерките за обвинетиот Бојан Јовановски-Боки 13 и сега осудениот Зоран Милевски – Кичеец, кој биле следени од 20.06.2019 до 21.07.2019. При презентација на извештаите од Министерството за внатрешни работи, обвинителката Вилма Рускоска, истакна обвинетата Катица Јанева, бил под ПИ-мерки, од 12 август 2019 година, односно овие мерки биле во сила до 21 август кога и беше приведена.

Катица Јанева

Во материјалните докази од ПИ-мерките прикажани во оваа рочиште за „Рекет”, можеше да се види како обвинетата Јанева, била снимена како СЈО, во куќа на улица Стрезова, во адвокатска фирма Поленак, до Апелационен суд, во ресторан Ден и Ноќ, во институт за геријатрија, ресторан Казабланка …

Бранителот на Катица Јанева Дељо Кадиев, рече дека изнесените материјали од ПИ мерките на на денешното рочиште воопшто и не требало да бидат изведени, бидејќи, предметот на обвинение е од ноември 2018 година до април 2019 година, додека ПИ мерките се во јуни и август 2019 година.

На следното рочиште ќе бидат пуштени преостанатите три фолдери од усб-то на Кичеец.

Претходно обвинителството побара тие да не бидат изведени зошто не се релевантни за кривично правниот настан, но сега, како што рече, Русковска, со цел да не се остава впечаток дека обвинителството прикрива некои докази, смета дека треба да бидат изведени.

Боки 13 приговараше дека презентираните материјали денеска биле несериозни и не соодветствувале тоа што се читало со тоа што се гледало на екраните.

– Не се виде никаде на видео, како што потенцира обвинителството, дека влегувам во куќата на Катица Јанева, изјави Боки 13.

Адвокатот Сашко Дуковски, реагираше дека обвинителството пропуштило да идентификува две општо познати лица на јавноста со кои бил Јовановски во ист ресторан во Скопје.

Во однос на „звучните имиња“ обвинителката Вилма Русковска, по завршување на денешното рочиште, рече дека бидејќи го читала извештајот не ги ни видела.

– Како што можевте сами да се уверите не беше спомнато ниту едно име, освен лицата за кои беа наредени посебни истражни мерки, изјави Русковска.

За барањето за изведување на преостанатите материјали од УСБ-то на третообвинетиот, Русковска, рече дека одбраната направила голем проблем околку тоа иако според неа е непотребно одологовлекување на постапката.

– Поради јавноста и да нема сомневање во тоа дека обвинителството не сака да прикаже некои докази кои наводно одат во корист на одбраната, од тие причини денеска прелдожив утре да се слушнат и драго ми е што судијата прифати, изјави Русковска.

Слични содржини