Кацарска: Гаранции нема дека победите во Словенија и Франција ќе бидат клучни да се помести нешто во нашата европска интеграција

од Берта Китинска

Победата на про-европските сили и во Франција и Словенија е секако добра вест за поддржувачите на европската интеграција, вели во разговор за „Локално“ , Симонида Кацарска од Институтот за европски политики.

Според неа победата на Роберт Голоб и промената на власта ќе придонесе Словенија да биде по конструктивен партнер на ЕУ, поради конфликтот кој предходно го имаше Јанша со дел од европските институции.

-Нашето прашање за ЕУ интеграцијата во однос на промената на власта во Словенија не предничи бидејќи тие имаат домашни проблеми, но генерално можеме да очекуваме ослабнување на тој нелиберален блок во ЕУ во кој припаѓаше Јанша, а тоа е многу значајно бидејќи тие сили беа како поткопувачи на европската идеја, појаснува таа.

Кацарска смета дека победата на Голоб во Словенија и победата на Макрон во Франција нема да бидат клучни за да се помести нешто во односн на нашата ЕУ интеграција.

-Победата на претседателот Макрон во Франција е значајна во поширокиот контекст бидејќи Франција во голема мера заедно со Германија ја одредуваат насоката во која ќе се движи ЕУ, коментира таа.

Директорката на Институтот за европски политики е на мислење дека вториот мандат на Макорн би можел да му даде простор да ги оствари идеите за реформирање, а и за обединување – терминологија која тие ја користат често пати кога сакаат да бидат позитивни за Западниот Балкан.

-Гаранции во никој случај нема дека овие две победи и во Словенија и во Франција ќе бидат клучни да се помести нешто значително во нашата европска интеграција. Меѓутоа несомнено доколку беше исходот поинаков несомнено во Франција, ќе бевме повеќе загрижени, подвлекува Кацарска.

Втор мандат на Макрон

Речиси 60% од Французите се решија за реизбор на Емануел Макрон, но пред сѐ се одлучија против неговата деснорадикална противничка Марин Ле Пен, која освои нешто повеќе од 40% гласови.

Во јуни ќе се бира нов состав на францускиот парламент. Со оглед на тоа што една третина од гласовите уште во првиот круг од претседателските избори пред две недели отидоа на сметка на екстремната десница и добри 20% за левичарот популист Жан-Лук Меланшон, јасно е дека Французите сакаат нештата да се променат темелно.

Изненадувачка победа на Голоб

Новата либерална партија Движење Слобода на поранешниот менаџер Роберт Голоб победи на изборите во Словенија. Јанез Јанша беше поразен по нешто повеќе од две години на премиерската функција.

Во Словенија се очекуваше трка рамо до рамо на ГС и партијата на Јанша, Словенечка демократска партија (СДС).

Само три други партии – конзервативната Нова Словенија (НСи, 7%, 8 пратенички места), Социјалдемократите (СД, 7%, 8 пратенички места) и Левица (4%, 5 места) – успеаја да го минат цензусот од четири отсто за влез во парламентот. Едно место во парламентот е резервирано за претставниците на италијанското и унгарското малцинство. Голоб може да смета на поддршка од неколку партии од левиот центар за формирање влада.

Б.М.

Слични содржини