Кацарска: Наместо да бидеме подобри судии, ние одиме се подолу и ги разочаруваме граѓаните со нашата работа

од Vladimir Zorba

Адвокатот на Гордана Јанкуловска откри дека таа е бремена, до тогаш јас не ја знаев нејзината состојба, изјави судијката Добрила Кацарска на 360 степени на Алсат ТВ.

„Повторно да треба да го водам тоа судење, јас би постапила исто како што поставив и претходно“, изјави Кцарска.

Според неа, нејзиниот начин на работа е еднаков за сите предмети.

„Ние судиите во овој период кога чекаме датум за преговори со ЕУ имаме улога и можност да помогнеме на нашата татковина на начин да работиме посовесно за да се смени перцепцијата на јавноста. И затоа мислам дека мојот начин на работа бил исправен“, вели Кацарска.

Според неа, треба да има коренити реформи во судството, почнувајќи од самите судии.

„Наместо да бидеме подобри судии, ние одиме се подолу и ги разочаруваме граѓаните со нашата работа“, смета таа.

Слични содржини