Кацарска: Ова е момент на отрезнување за проблемите поврзани со проширувањето на ЕУ

од Vladimir Zorba

Директорката на ЕПИ, Симонида Кацарска во изјава за Стандард вели дека се поизвесно е дека на состанокот на Советот нема да има одлука за поддршка на преговорите со нашата земја.

– Ова е момент на отрезнување за проблемите поврзани за проширувањето на ЕУ кои може да предизвикаат долгорочно трансформација на процесот или негово целосно замирање, смета Кацарска.

– Неможноста да се донесе одлука во секој случај го намалува кредибилитетот на ЕУ во регионот, но и ја поткопува глобалната улога на ЕУ како трансформативен актер, додава таа.

Слични содржини