Кауција од половина милион долари за полицаецот обвинет за убиството во Минеаполис

од Nikola Popovski

Судот во Хенепин, во сојузната држава Минесота, изрече кауција од половина милион долари за уапсениот полицаец обвинет за убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд (46), објави порталот „Политико“.

Во видеото кое го обиколи светот, полицискиот службеник Дерек Човин за време на апсењето клекнува на вратот на Флојд, додека уапсениот е во паника и го предупредува дека не може да дише, по што умира. Според зборовите на обвинителот од областа Хенепин во Минесота, полицаецот е обвинет за убиство од трет степен, јавуваат медиумите.

Насилни протести се одвиваат ширум САД за злосторството, што се случи во понеделникот, при што имало судири со полицијата.

Слични содржини