Кавачкиот клан имал огранок во Словенија: Уапсени десетици членови

од Stefanija Kuzmanovska

Словенечката полиција неодамна уапсила десетици членови на „словенечкиот огранок“ на криминалната организација Кавачки клан, чиј извор е во Црна Гора, а делува во Србија и неколку други земји, објави во вторникот мариборскиот весник „Вечер“, повикувајќи се на полициски извори.

Добро организираната криминална организација во Словенија е активна од 2018 година и брои околу 60 члена, а повеќето беа уапсени во акција што во соработка со странски безбедносни служби, словенечката полиција ја спроведе пред околу десетина дена, во Љубjана, Марибор, Крањ и Копер, извршувајќи 23 домашни претреси.

Десетици членови на словенечкиот дел од мрежата на Кавачкиот клан, наводно биле уапсени, а некои од нив ќе се бранат од слобода, пишува „Вечер“.

Слични содржини