Кавадарци со 56,5%, Неготино со 63% одѕив до 19 часот

од Nikola Popovski

Според податоците на општинските изборни комисии до 19 часот излезноста на денешните предвремени парламентарни избори во Неготино изнесува 63 отсто, во Демир Капија 62,31, во Росоман 59,50 и во Кавадарци 56,5 проценти.

Општинските изборни комисии во овие четири општини информираат дека изборниот процес тече мирно и без никакви проблеми, со почитување на мерките за заштита од коронавирус.

Слични содржини