Кавали искеширал 3 милиони евра за подарок за 45 години помладата девојка

од Vladimir Zorba

Италијанскиот дизајнер Роберто Кавали најде љубов во 45-години помладата Сандра, а како што вели самиот тој, годините не се важни.

Роберто Кавали е добро познато име во италијанската модна индустрија, а основачот на истоимената компанија годинава го прослави својот 81 роденден.

По две сопруги, Италијанецот љубовта ја пронајде во 36-годишната Швеѓанка Сандра Нилсон, а подарокот што и го купил и денеска остава многумина без здив. Имено, дизајнерот потрошил три милиони евра за да ја направи својата сакана сопственик на остров недалеку од Стокхолм, каде се наоѓа упориште на Викинзите од 11 век.

На островот има луксузна вила со четири спални соби, терен за голф, базени, но и остатоци од ерата на Викинзите. Покрај тоа, островот има приватно пристаниште со траект кој може да прими десет луѓе.

Инаку, Сандра и Роберто се запознале во 2010 година кога се развел од сопругата, а наводно почнале да излегуваат четири години подоцна. Дизајнерот вели дека со неа го нашол својот мир, како и дека таа е неговата муза и вистинска љубов поради која воопшто не се грижи за годините.

Инаку, Сандра во младоста влезе во светот на модата, а на 14 години ја забележале скаути од една француска агенција. Големите сини очи и кафената коса и обезбедија бројни титули за убавина, а некогаш беше прогласена за најубава жена во Шведска.

Слични содржини