Кавани го напушта Манчестер Јунајтед: Познато каде Уругваецот ќе ја продолжи кариерата

од Stefanija Kuzmanovska

Уругвајскиот фудбалер, Единсон Кавани ќе го напушти Манчестер Јунајтед бидејќи не е задоволен од статусот во клубот од „Олд Трафорд“.

Ако му се верува на таткото на одличниот напаѓач, Луис Кавани, искусниот 33-годишник ќе се врати во Јужна Америка и ќе потпише договор со Бока Јуниорс.

Една од причините зошто тој сака да се пресели во Аргентина е тоа што би бил поблиску до неговото семејство во Уругвај.

– Тој не се чувствува опуштено во Англија и сака да биде поблиску до семејството. Кариерата ќе ја заврши во Јужна Америка. Сакам да биде во тим кој се бори за нешто важно – изјави Луис Кавани за аргентинскиот „TyC Sports“.

Неговиот договор со Јунајтед истекува на крајот од тековната сезона.

Слични содржини