Кавга пред Универзална сала – никој не може да ја убеди градоначаличката дека објектот ќе биде безбеден

од Берта Китинска

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска на прес конференција пред Универзалната сала се скара со Асоцијацијата на архитекти, како и со архитектот од бирото кое го донирала проектот за салата.

Арсовска останува на ставот дека проектот за изградба на Универзална сала е небезбеден и дека треба да биде стопиран, додека асоцијацијата останува на ставот дека тоа е политичка одлука на градоначалничката донесена без факти и аргументи.

Првата караница почна со претседателка на собранието на Асоцијација на архитекти, Искра Јанковска Михајловска.

-Кога ќе биде завршен објектот ќе кажеме дали објектот е безбеден. Вие сте дојдени да се карате со мене. Ве замолуваме кога ќе излезете со информации дека објект е небезбеден е да кажете која институција потпишала и кој го кажал“, рече претседателка на собранието на Асоцијација на архитекти, Искра Јанковска Михајловска.

Арсовска обвини за политизација, па остана на истиот став.

-Вие политизирате. Сакам да нагласам сето ова во претходниве пет минути што беше прочитано, можете и самите да го земете со резерва, бидејќи Ралев е член од Извршниот одбор на СДСМ. Иницијалната каписла за се ова беше дека е стопирана изградба на Универзалната сала, а можеа да дојдат на состанок и да се разговара, рече Арсовска.

Архитектот Бујар Муча, кој проектот му го подари на Град Скопје, посочи дека проектот претрпел мали промени.

-Гарантирам дека овој објект ќе биде безбеден кога ќе се пушти во употреба. Изјавата на градоначалничката направи голема штета за моето мало проектантско биро од кое земаат плата луѓе кои чуваат деца со тие пари, рече Муча на што Арсовска му одговори дека и гостите што ќе дојдат во салата исто така имаат деца.

Слични содржини