Казахстан: Не шириме вирус посмртоносен од корона

од Vladimir Zorba

Казахстан го отфрли предупредувањето на кинеската амбасада во таа земја за ширење на вирусот на пневмонија кој е „посмртоносен од коронавирусот“ како лажни и неосновани вести.

Во изјавата на својата официјална сметка „Вичет“, кинеската амбасада наведува дека од средината на јуни „значителен пораст“ на случаи е забележан во градовите Атирај, Актобе и Шимкет во Казахстан.

Во првата половина од годинава 1.772 луѓе починале од пневмонија во Казахстан, а само во јуни 628 според кинеската амбасада.

„Стапката на смртност од оваа болест е многу повисока од пневмонијата предизвикана од новиот коронавирус“, велат од амбасадата.

Не е познато дали е предизвикан од вирус кој е близок до коронавирусот или се работи за друг вид, пренесува Ројтерс.

„Информациите објавени од некои кинески медиуми за нов вид пневмонија во Казахстан не се точни“, соопшти Министерството за здравство на Казахстан.

Повеќе од 50.000 луѓе се заразени во Казахстан, а 264 лица загинаа.

Слични содржини