Казна од 135 евра за луѓето што нема да носат маски на отворено во Париз

од Nikola Popovski

Од петок повторно мора да се носат МАСКИ на париските улици поради „експлозијата“ на сојот омикрон, што предизвика експлозија на инфекции со Ковид-19 во Франција, соопшти во средата полициската управа на француската престолнина.

Луѓето на возраст над 11 години се обврзани да носат маски, освен оние во возилата, велосипедистите и луѓето кои се занимаваат со спорт, се вели во соопштението.

Според соопштението, маските ќе бидат задолжителни на јавни места во Париз, „освен во шумите Булоњ и Винсен и на аеродромите Шарл де Гол, Бурж и Орли“. Пристапот до терминалите на овие аеродроми нема да биде возможен за лицата кои ги придружуваат патниците.

„Од петокот се засилени контролите“, прецизираат од полицијата.

На прекршителите им се заканува казна од 135 евра.

Фото: Getty Images

Слични содржини