Казна од 2.000 евра за скопјанец кој не почитувал домашна изолација

од Vladimir Zorba

Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот суд поднесе предлог за издавање казнен налог против едно лице кое не го почитувало решението со кое му било одредено лекување и изолација во домашни услови.

Иако со решението од 28.05.2021 година на Државниот санитарен и здравствен инспекторат на 40-годишниот скопјанец му била одредена домашна изолација во траење од 14 дена заради непосреден контакт со лице заболено со COVID-19, обвинетиот решението не го почитувал и го напуштил домот. При извршена проверка на 04.06 полициските службеници не го затекнале во домот во Кисела Вода, на адресата на која требало да биде во изолација.

Со ова обвинетиот го сторил кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик за што јавниот обвинител предложи да му биде определена парична казна од 100 дневни глоби со поединечна висина на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност.​

Слични содржини