Казнети 210 возачи во Скопје, 105 за брзо возење

од Vladimir Zorba

Во акциска контрола на сообраќајот на СВР Скопје на територијата на главниот град вчера биле казнети 210 возачи, од кои половина (105) за возење со брзина поголема од дозволената.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, шест казни се изречени за возење без возачка дозвола, 10 за возење под дејство на алкохол, седум за минување на црвено светло, две санкции за возач почетник…

МВР укажува дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Слични содржини