Казнети 216 возачи во Скопје, 41 биле под дејство на алкохол

од Берта Китинска

На територијата на Град Скопје во текот на вчерашниот ден во рамки на засилените сообраќајни контроли изречени се вкупно 216 мерки, од кои 41 за возење под дејство на алкохол.

Изречени се 45 санкции за возење повеќе од дозволената брзина и 30 за возење без возачка дозвола.

– Изречени се 14 мерки за возач почетник, осум санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, шест за некористење сигурносен појас, четири мерки за користење мобилен телефон, соопштија денеска од МВР.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Слични содржини