Казнети 609 лица за неносење маски

од Берта Китинска

Од 22.00 часот (30.03.2021) до 05.00 часот (31.03.2021) констатирано е дека 23 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие (30/31.03.2021) пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 609 прекршоци, соопштија од МВР.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.

Слични содржини