Казнети 788 возачи за брзо возење, возач фатен на радар со брзина од 200 км/ч

од Берта Китинска

-Во текот на вчерашниот ден Министертвото за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 788 возачи. Од нив, 111 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 21 возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Слични содржини