Казни од по 2.000 евра за 13 скопајни кои не го почитувале полицискиот час

од Берта Китинска

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе осум предлози за издавање казнени налози против 13 лица кои го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, информираат од ОЈО Скопје.

Полициски час

– Обвинителството му предложи на Судот за секој од обвинетите да изрече парични казни од по 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност, соопштија од скопското обвинителство.

Додаваат дека обвинетите не постапиле согласно Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија. Додека полицискиот час бил во сила, тие се движеле низ градот, без да поседуваат дозвола за тоа.

Слични содржини