Казни од по 2 000 евра за 25 лица од Скопје

од Берта Китинска

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе 20 предлози за издавање казнени налози со кои се опфатени вкупно 25 лица обвинети за кривично дело и непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Двајца од обвинетите не ја почитувале наредбата за задолжителна самоизолација.

Другите, пак, биле затекнати во прекршување на полицискиот час, односно во одделни кривично-правни настани постапиле спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија.

Надлежните јавни обвинители на Основниот кривичен суд Скопје му предложија за сите обвинети да изрече парични казни од по 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност, односно по 2 000 евра.

Слични содржини