Казни за 111 возачи во Скопје, 9 за непрописно престигнување

од Nikola Popovski

Министерството за внатрешни работи информира дека на територијата на град Скопје изречени се вкупно 111 мерки.

-Меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 37 санкции, девет за возење без возачка дозвола, пет за користење мобилен телефон за време за возење, девет за непрописно престигнување и обиколување, четири прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, 34 за непрописно паркирање, велат од полицијата.

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Слични содржини