Казни за 243 возачи од Скопје, 19 од нив возеле под дејство на алкохол

од Nikola Popovski

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во последните 24 часа во изречени се вкупно 243 мерки за возачи, на територијата на град Скопје.

„Меѓу нив за возење повеќе од дозволената брзина 83 санкции, 19 за возење под дејство на алкохол, седум прекршоци што го чинат возачите на мотоцикли, 19 за возење без возачка дозвола. Исто така, изречени се осум санкции за користење мобилен телефон, шест за некористење сигурносен појас, 57 санкции за непрописно паркирање“, велат од полицијата.

Од таму додаваат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Слични содржини