Казни за 401 лице за неносење маска

од Берта Китинска

Од 21.00 часот (04.05.2021) до 05.00 часот (05.05.2021) констатирано е дека 41 лице не ја почитувало забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие (04/05.05.2021) пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 401 прекршок, велат од МВР.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.

Слични содржини