Казни за 73 возачи во Тетово

од Nikola Popovski

Денеска на подрачјето на Тетово беше спроведена засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што се санкционирани 73 возачи. Притоа, 21 возач возел со брзина од над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возачи управувале возило со дури 70 километри на час над пропишаната.

Од нив 32 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 41 надвор од населено место.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, предупредија полициските служби.

Слични содржини