Казни за неколку угостителски објекти во Битола поради прегласна музика

од Берта Китинска

Во пет угостителски објекти во Битола бил нарушен јавниот ред и мир со прегласна музика. Контролата за голема бучава во угостителски објекти на подрачјето на Битола била извршена од полцијата ноќеска од 23 до 2 часот.

-Притоа, во седум угостителски објекти било извршено мерење на јачината на бучавата со фонометар, при што било констатирано дека пет од нив ја надминуваат дозволената јачина, односно со прегласна музика го нарушуваат јавниот ред и мир, поради што ќе се соочат со законски предвидените поднесоци, информира Министерството за внатрешни работи.

Слични содржини