Казни за работодавачите кои ја злоупотребуваат државната помош

од Берта Китинска

Шеесет  компании кои добиле субвенции од државата за плати лани во месеците април, мај и јуни или октомври, ноември и декември, а не ја исплатиле платата на работниците.

Како што информираше директорката на УЈП, Сања Лукаревска контролите се направени по пријава на граѓани и врз основа на направена анализа на УЈП на фирми кои добиле помош, а не исплатиле плата.
Само една фирма која добила субвенции од државата за плата, а која не ги исполнила условите предвидени за нејзино добивање го вратила целиот износ на помошта, информира директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска.

– Кај 16 од нив е утврдено дека го исполниле условот за финансиска поддршка бидејќи во месеците кога е користена помошта не бил намален приходот за 30 отсто. 7 фирми го намалиле бројот на бројот на вработени од законскиот во месеците, додека 2 фирми не ги исполниле и двата услова за субвенции, бројот на вработени и намалување на приходот, а 2 фирми не дозволиле инспекторите да влезат во фирмите, информира Лукаревска.

Според неа, работодавачот кој користел финансиска поддршка за исплата на плати, а не ги исполнил условите, има обврска да ги врати добиените парични средства во целост заедно со камата.

– Сите прекршители на законот ќе бидат санкционирани, а за дел од нив веќе се дадени на натамошно постапување во јавното обвинителство за организиран криминал и корупција, додека во две фирми чии работодавачи не соработуваа со инспекторите ќе влезе финансиска полиција, рече Лукареска.

Слични содржини