Кејт Мидлтон сподели фотографија од своето детство поради симболична причина

од Stefanija Kuzmanovska

Кејт Мидлтон, принцезата од Велс, започна нов предизвик поврзан со кампањата што ја покрена наречена „Shaping Us”. Таа вчера сподели фотографија на страницата на Инстаграм на „The Royal Foundation Center for Early Childhood“.

На фотографијата е Кејт кога била бебе и се гледа како посегнува да го допре лицето на нејзиниот татко Мајкл Мидлтон.

Малата Кејт била облечена во симпатична бела облека украсена со чипка и испреплетена со нешто што личеше на мали жолти цветови. Во меѓувреме, нејзиниот татко Мајкл ѝ се насмевнува на својата ќерка додека таа со своите мали раце посегнува по неговото лице.

Неодоливата фотографија ја направила мајката на принцезата, Керол Мидлтон.

„Лицата се најдобрата играчка за бебињата“, напиша Кејт на фотографијата пред да сподели повеќе детали за #ShapingUs.

„Во вторникот го лансиравме #ShapingUs за да ја подигнеме свеста за виталната улога што ја играат нашите рани години во обликувањето на остатокот од нашите животи. Овој викенд би сакале сите да поминете време со вашите пријатели, членови на семејството, колегите и заедниците разговарајќи за вашето рано детство и како тоа ги обликувало вашите животи. Се надевам дека ќе размислите да ми се придружите и да споделите фотографија од вас пред вашиот петти роденден за да им помогнете на тие разговори и да споделите смеа и спомени“.

Слични содржини