Кејт Винслет не била првиот избор: Оваа актерка требало да игра покрај Ди Каприо во Титаник

од Stefanija Kuzmanovska

Епската романса „Титаник“ од 1997 година првично била планиран со актерка која и денес е помалку позната од Кејт Винслет.

Овој филм, во режија на Џејмс Камерон, постигна огромна популарност и беше номиниран за 14 Оскари, а освои неверојатни 11. Во главните улоги беа Леонардо ди Каприо и Кејт Винслет, кои во тоа време штотуку почнале да ја градат својата кариера.

Иако малкумина би замислиле некој друг освен Лео и Кејт да биде во оваа продукција, која неодамна прослави 25-годишнина, Винслет всушност не била првиот избор.

Имено, на нејзино место требало да биде Клер Дејнс, актерка која веќе снимила филм со Леонардо – адаптација на Шекспировите Ромео и Јулија. Овој филм постигна огромен успех, а продуцентите сакаа повторно да ги видат заедно на филм, во „Титаник“.

Гостувајќи во шоуто на Хауард Стерн, Клер објасни зошто го одбила познатиот режисер и овој проект.

„Требаше да снимаме шест месеци во Мексико Сити, истиот град каде што штотуку ја завршивме „Ромео и Јулија“. „Навистина ми требаше поинакво искуство“, открила Клер.

На прашањето дали се кае што ја одбила улогата, со оглед на успехот на „Титаник“, Клер рече дека не размислува на тој начин.

„Се сеќавам дека и Лео се предомислуваше кога требаше да донесе одлука. Најважното прашање беше ‘дали сакам да одам во стратосферата со овој филм’, бидејќи знаевме дека ќе биде огромен успех и дека ќе станеме многу познати. Тој одлучи дека сака, а јас не“, искрена беше актерката.

„Не бев подготвена за тоа, сепак сакав да работам на себе и сакав да одам на факултет“, заклучила таа.

Слични содржини