Ќе бидат ли обвинети полицајците за смртта на Флојд? (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Кит Елисон, главниот државен обвинител во Минесота, за Си-Ен-Ен изјави дека случајот против полицајците обвинети за убиството на Џорџ Флојд не се смета за лесен, но дека ќе работи исклучително напорно во тимот на обвинителството.

Одговарајќи на прашањето дали четворица полицајци ќе бидат осудени за смртта на Флојд, тој додаде дека тие ќе вложат сè што имаат во случајот и ќе направат се за да бидат прогласени за виновни.

„Се надевам дека судиите ќе ги видат доказите на начин како што треба и тоа е дека обвинетите се виновни“, рече Елисон.

Потсетуваме, полицискиот службеник Дерек Човин, кој минатата недела насилно го уапси Афроамериканецот Џорџ Флојд во Минеаполис, со притискање на вратот со коленото скоро девет минути, по што Флојд почина, е обвинет за убиство сопредумисла, односно убиство од втор степен.

Тројца полицајци кои учествувале во апсењето на Флојд се обвинети за помагање и поттикнување на убиството.

Доколку бидат осудени, полициските службеници Томас Лејн, Ј. Александар Куенг и Ту Тао може да бидат осудени на до 40 години затвор.

Од адвокатите на обвинетите тројца полицајци, може да се слушне дека се обиделе да го „соборат“ Човин, дека се обиделе да ја направат вистинската работа.

„Додека сè се случуваше, никој не помрдна со прст. На крајот, поротата ќе одлучи, ние веруваме дека тие се соучесници“, додаде Елисон.

Слични содржини