Ќе добие ли Охрид дополнителен рок од УНЕСКО?

од Берта Китинска

Комитетот за светско наследство при Органиацијата на ОН за образование, наука и култура, денеска треба да донесе одлука дали Охрид ќе биде ставен на Листата на светски културни и природни богатства во опасност. Во спротивно, Македонија ќе добие дополнителен рок од две години за имплементација на препораките на УНЕСКО.

Премиерот Заев од Охрид истакна дека е задоволен од постигнатото но, вели, каква и да биде одлуката – ќе се почитува. Прашан дали ургирал државата да добие дополнително време за препораките, Заев е дециден дека за тоа одлучуваат експерти а не политичари.

„Тука не е политиката во прашање туку исклучително експерти, професионалци, со доминантно влијание на претставниците од нордиските земји. Норвешка, на пример, го води целиот овој проект и е најгласна, но не може премиерот Заев да и се јави на премиерката на Норвешка. Тоа не функционира така. Не е ред светот да води грижа за Охрид, ред е ние, дома, да водиме грижа за Охрид. И ќе успееме во тоа“, вели Зоран Заев.

Охридскиот регион и пред две години во Баку беше на праг да го изгуби статусот на културно наследство. Главните забелешки на надлежните беа дивоградбите, лошиот колекторски систем за зачувување на водите и недостигот од соодветен план за управување со регионот.

Слични содржини