Ќе достигнеме и до вишок на производство на електрична енергија, информира Бектеши

од Nikola Popovski

РЕК Битола работи со двата блока, ТЕЦ Осломеј ќе се стави веднаш во функција и веќе има јаглен за таа работа, информира вечерва министерот за економија, Крешник Бектеши во емисијата „Топ тема“.

Според него, се прават напори да се стават во целосна функција двата котли и на ТЕЦ Неготино.

-На таков начин и со успешниот тендер за набавка на јаглен за РЕК Битола и со ставање во функција на третиот блок, ќе достигнеме да имаме и вишок на производство на електрична енергија од страна на АД ЕСМ, кажа Бектеши во емисијата.

Тој потенцира дека РЕК Битола моментно има 40 илјади тони залиха. Дневно се произведуваат три до пет илјади тони, но веќе почнале уште повеќе да ископуваат јаглен, а во континуитет се носи јагленот од Косово за потребите на „Осломеј”.

Слични содржини