„ЌЕ ГИ ОБЈАВАМ ГОЛИТЕ СЛИКИ ШТО ГИ ПРАТИ НА МОЈОТ МАЖ“! Војна помеѓу ВАНДА и ЉУБОВНИЦАТА НА ИКАРДИ

од Vladimir Zorba

Вистинска војна се подготвува за Мауро Икарди. Пред две недели почна вистинската „теленовела“ во фудбалот, поточно во Пари Сен Жермен.

Ванда Икарди го обвини сопругот дека ја изневерува со „Чина“ Суарез, на Инстаграм настана вистински хаос поради кој фудбалерот не играше ниту за ПСЖ, а наводно во меѓувреме се помириле, иако сега на површина излезе друга афера.

Ако некој мислел дека Ванда Икарди само му простила на партнерот преку ноќ, во голема заблуда сте, бидејќи тие се пред развод и таа била многу повредена, а сега само подготвува одмазда.

Таа нема да се одмазди на Икарди на кого му е и агент, туку на девојката која веќе негираше дека има врска со него.

Аргентинските медиуми јавуваат дека Ванда е толку бесна на „Чина“ што се заканила дека јавно ќе ги објави нејзините разголени фотографии и снимки кои наводно ги испратила на Икарди на Инстаграм, а на некој чуден начин стигнале до неа – или му го земала телефонот, или некој друг ги добил и ги препратил до Ванда.

Исто така, се шпекулира дека Икарди не е единствениот кој добил провокативни фотографии и снимки, односно дека актерката ја таргетирала репрезентацијата на Аргентина – па четворицата од нив добиле посебни пораки.

Ќе видиме како ќе заврши оваа драма и дали Ванда ќе остане само на заканите.

Слични содржини