Ќе има нов предлог од ЕУ, смета Арсовски

од Nikola Popovski

Францускиот предлог е всушност предлог на Европската Унија и Европската Комисија. Ја разбирам огорченоста, која ја делам со дел од коментарите, меѓутоа надворешна политика не се води врз основа на емоции, прашање е што е во наш најдобар интерес и дали тоа што е понудено во моментов е добро. Да се откажеме од почеток на преговорите и стратешката цел влез во ЕУ е релативно едноставно. Тоа се прави со прекин на преговорите, заострување на односите, смета политичкиот аналитичар Петар Арсовски.

Доколку го одбиеме предлогот, вели Арсовски, не знаеме дали ќе дојде нов, иако сепак мисли дека ќе има нов, според сигналите кои стигаат.

-Макрон сам кажа дека остануваат 5% да се доодат од патот. Прашањето што е во наш најдобар интерес. Членството во ЕУ не е цел сама по себе, таа е средство за подобро општество. Досега имавме повеќе од доволно врмее да покажеме дали имаме капацитет дома да ги направиме потребните реформи, без преговорите со ЕУ, рече Арсовски во емисијата „Само вистина“.

Слични содржини