Ќе има ново прскање против комарци

од Nikola Popovski

Од град Скопје информираа дека денеска и утре во раните утрински часови се одвиваше авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци.

„Од утре до петок во период од 22 до 03 часот наредниот ден, ќе се одвива и терестричната дезинсекција на подрачјето на градот, против возрасни форми на комарци“, стои во соопштението.

Од таму додаваат дека доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови.

Од Градот ги известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Слични содржини