Еден месец пред почетокот на електронската наплата на надоместокот за патарина, од Јавното претпријатие за државни патишта велат дека системот е подготвен да функционира на сите наплатни рампи на Коридорот 10 и ќе има попуст за овој начин на плаќање, додека цената за готовина останува ист.

Во прво време наплатата во готовина и со смарт- картичките ќе се одвива паралелно, но на различни ленти, објави Независен.

Целта, според директорот на јавното претпријатие, Зоран Китанов, е возачите и превозниците што побргу да ги увидат предностите на електронското плаќање и да се преориентираат кон употреба на картичките и микробрановите транспондери.

„Од следниот месец во употреба влегуваат припејд-картичките и таговите, наменети за камиони и други превозници. Пластичната картичка се набавува само еднаш и потоа само ќе се надополнува. Нема да се купува, туку ќе чини онолку колку што ќе има кредит на неа. Постпејд-картичките ќе стартуваат од есен“, вели Китанов./Независен

Слични содржини