ЌЕ ИМА ПУБЛИКА НА ЕП! Странци ќе можат да присуствуваат на трибините, Русија ги укина повеќето ограничувања

од Stefanija Kuzmanovska

Русија успеа успешно да се избори со пандемијата на коронавирус, па пристигнуваат добри вести за организацијата на Европското првенство во фудбал. Публика веќе е дозволено на сите поголеми натпреварувања во оваа земја, така што ќе биде исто и за еден од најголемите спортски настани претстојното лето.

Имено, стадионот во Санкт Петербург ќе биде исполнет до 50% од капацитетот, а на навивачите од странство, исто така, ќе им биде дозволен пристап, изјави директорот на Организациониот комитет, Алексеј Сорокин.

– Се извинувам, но во однос на оптимизмот ги престигнуваме организаторите на Олимписките игри. Ние со оптимизам гледаме на Европското првенство. Постигнавме договор за пополнување на трибините со 50 проценти од капацитетот. Работиме на пречек на навивачите од странство, а властите тоа не го одбија. Сигурен сум дека натпреварите можат да се организираат со минимум ограничувања – рече Сорокин.

Европското првенство ќе се одржи од 11 јуни до 11 јули во 12 градови низ Европа, а стадионот во Санкт Петербург ќе биде еден од нив. Има капацитет од 61.000 места, а на тој стадион ќе се играат три натпревари од групата Б, на кои ќе играат Данска, Финска и Белгија, како и еден четвртфинален натпревар.

Русија, во меѓувреме, ги отстрани скоро сите здравствени бариери против коронавирусот, а според последните податоци, околу 95.000 луѓе починале од вирусот.

Слични содржини