Ќе има скрининг на 8000 ученици од вкупно 240.000

од Nikola Popovski

Околу 8200 ученици, основци и средношколци, по случаен избор од регистарот на Е-дневник ќе бидат тестирани за присуство на КОВИД-19 со земање брис. Тестирањето ќе почне во текот на следната недела и ќе биде со согласност на нивните родители.

-Најобичен брис ќе биде тоа, не очекувам отпор, очекувам да дадат поддршка на овој процес бидејќи на тој начин ќе добиеме добри податоци дали има трнасмисија во училиштата, рече вчера Венко Филипче министер за здравство.

Освен барање на асимптоматски случаи во образовните установи, Филипче најави дека трета доза на вакцина ќе има за сите граѓани кои сакаат, а не како досега само за постари од 60 години, здравствени работници и пациенти со имунилошки болести. За експертите нема опасност од мешање на вакцините туку така подобро доаѓало до зајакнување на имунитетот.

Како што информираше министерот, планирано е скринингот да трае пет дена и дневно по околу 1600 деца да бидат тестирани во самите училишта од мобилни екипи.

– Фокусот треба да биде на учениците кои не се вакцинирани и оние кои имаат вон-училишни активности. Друг пристап е ако се фокусираме на учениците кои имаат симптоми. 8.000 од 240 илјади ученици е мала бројка, но сепак ќе бидиме некаков увид и основа, рече вчера д-р Александар Петличковски, од Институтот за имунологија, додавајќи дека добро е да се вакцинираат и помладите.

Слични содржини