Ќе коалицираме со сите што се против Заев, вели Мицкоски

од Vladimir Zorba

Сите оние политички субјекти кои што ценат дека владата, власта во случајот предводена од СДСМ и ДУИ како мнозински партии, водат погрешни политики и водат политики кои што се на штета на мнозинството граѓани на штета на државата, се добредојдени во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ и ние сме подготвени со сите тие да разговараме и да преговараме за коалиција уште пред одржување на првиот круг на локалните избори, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот прес.

Секој оној кој што има чесна намера и секој оној кој што мисли дека оваа власт ја води Македонија во пропаст е добредојден, нагласи Мицкоски.

Слични содржини